Шефот на
стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и натаму тврди дека има одличен
тим под своето кормило и покрај тешката сезона низ која минува шпанскиот гигант
проследена со низа разочарувања.
Зидан никогаш не бил толку бесен: Кажи ми во лице дека треба да си одам а не да ми зборуваш зад грб!
Истовремено,
францускиот фудбалски стратег верува дека ја има полната поддршка од
раководството на клубот, меѓутоа не може да даде никакви гаранции околу тоа
дали ќе остане на кормилото и за следната сезона.
„Ќе видиме за
тоа, најважното нешто во овие моменти е тоа како работиме секојдневно, тоа е
нешто за што јас сум загрижен во моментов“ вели Зидан кој претходно имаше
конфронтација со новинарите, барајќи поголема почит кон него, како и неговиот
тим генерално гледано, барајќи од новинарите да му кажат во лице доколку
сметаат дека треба да се повлече.
„Не можеме да
промениме нешто што веќе се случило, меѓутоа тоа што можам категорично да го
нагласам е фактот што на луѓето кои се во клубот дефинитивно им треба мир за да
си ја работат својата работа, луѓето можат да кажат што сакаат за нас, но ние ќе
продолжиме да веруваме во себе“ додаде тој.
Реал Мадрид по 21
меч одигран во Примера, се наоѓа на делба на третото место на табелата заедно
со Барселона со по 43 бода, со седум бода негатива зад лидерот Атлетико Мадрид,
кој има и два меча помалку, но со само бод предност во однос на четврто
пласираната Севиља.