Манчестер
јунајтед се соочува со голем проблем откако потврди дека Пол Погба ќе ги
пропушти следните неколку седмици поради обнова на повреда, со која се здоби на
дуелот со Евертон, ова секако е голем проблем за Оле Гунар Солшер со оглед на
бурниот распоред кој претстои.
27 годишниот
Французин кој сезонава постигна три погодоци и две асистенции во Премиерлигата,
освен што ќе пропушти неколку меча во тоа првенство, исто така ќе отсуствува и
на двомечот со Реал Сосиедад во Лига Европа.
„Станува збор за
повреда која ќе го оддалечи од терените неколку седмици, тој веќе започна со
фазата за рехабилитација, ние како клуб ќе се обидеме да го вратиме на терените
најбрзо што е можно, но истовремено тоа да биде и безбедно за него“ рече
предводникот од клупата на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер.