Клоп се откажа од одбрана на титулата: Нашата главна цел е пласман во топ четири

by
1 минути читање

Ливерпул синоќа доживеа тежок пораз од Манчестер Сити откако загуби со 4-1. Тие за првпат губат три меча по ред на Енфилд во Премиерлигата, а Клоп полека го крева белото знаме кога е во прашање борбата за титулата.

„Се разбира, нашата главна цел е пласман во топ четирии, тоа е јасно, ќе направиме се за да го оствариме тоа“, вели Клоп.

„Има уште доволно натпревари за да се постигне тоа, но треба да поминуваме, а овој пат загубивме“.

„Точно е, Алисон направи грешки, за првиот случај и не му дадовме многу опции, за вториот лошо шутна. Имаше опции да избие во трибините“.

„Но тој многу пати бил спасител за нас, нема дилеми околу тоа, денеска направи две грешки и тоа е тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×