Убедлив триумф на
„росонерите“ против Кротоне, избраниците на Пиоли се радуваа на победа од 4-0.
Гостите се заканија во неколку наврати на стартот од мечот, но потоа дојде до
израз квалитетот на Милан.
Резултатот беше
отворен по половина час игра, Ибра имаше двојно проигрување со Леао и прецизно
пласираше за 1-0. За напаѓачот ова беше погодокот број 500 во неговата кариера.
Во 64. минута,
Златан Ибрахимовиќ го постигна својот втор гол. Тео Ернандез продре по левата
страна и уфрли на пет метри, каде Швеѓанецот стоше само како дух и не му беше
тешко да ја затресе мрежата.
Гостите потоа
целосно се распаднаа па Ребиќ постигна два гола за 70 секунди. Хрватот најпрво
скокна највиско по еден корнер за 3-0 а потоа на асистенција на Чалханоглу
закачи полуволеј за 4-0.