200
Ливерпул нема
дозвола да патува во Германија поради рестрикциите за патници од Велика
Британија, па РБ Лајпциг до УЕФА требаше да достави алтернативен терен или во
спротивно ќе загуби со службени 3-0.
„Црвените“ одбиле
да се смени редоследот и тие да бидат домаќини на првиот натпревар, па
„биковите“ откако разгледале неколку опции, се решиле да го пречекаат шампионот
на Англија во Унгарија.
„Пушкаш Арена“ во
Будимпешта ќе биде местото каде РБ Лајпциг и Ливерпул ќе ги одмерат силите на
16. февруари во 21 часот. Промената попладнево беше потврдена од страна на УЕФА
и клубовите.