„Барела вреди 90 милиони евра“

by
1 минути читање

Барела игра фантастично оваа сезона, а во петокот беше и истрелец во победата од 2-0 над Фиорентина. Тој се смета за најдобар играч од средниот ред во Италија во моментов.

„Тој е еден од најдобрите тројца играчи од среднит ред во Европа и ивреди 90 милиони евра“, вели Берти за „Тутоспорт“.

„Сигурно е најдобар играч од средниот ред во Италија, иако сега нема таква конкуренција каква што имаше кога јас играв“.

„Има повеќе странски фудбалери во Серија А, но ако е најдобар во Италија, тогаш мора да е и еден од најдобрите во Европа, за мене во топ три“.

„Тој е незаменлив за Интер, еден од оние кои секогаш ви дава нешто повеќе“.

„Сакам да го гледам како игра и верувам дека има уште простор за напредок. Тој постигна одличен гол против Јувентус во Серија А. Фановите полудуваат по такви голови“.

„Тој е комплетен игирач од средниот ред, трча, постигнува голови, дели асистенции. Верувајте ми, не е во прашање среќата, тој е шампион и секогаш знае што прави на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×