Пандев му направи проблеми на Гатузо, Рино има седум дена да си ја спаси работата

by
1 минути читање

Горан Пандев му
направи проблеми на Џенаро Гатузо. Македонецот вчера два пати стрелаше прецизно
и донесе победа од 2-1 за Џенова. Поразот на „Масари“ повторно ги вклучи
алармите во Наполи и се вратија гласините за отказ на популарниот Рино.

На Алурелио Де
Лаурентис не му се допаднало она што го видел на гостувањето кај Џенова, но
нема да реагира веднаш и ќе му даде уште една шанса на Џенаро Гатузо.

Стратегот има 7
дена да ја зачува работата, а за тоа ќе треба да донесе добри резултати против
Аталанта во Купот на Италија и против Јувентус во Серија А.

Доколку
резултатите не се на потребното ниво, Наполи ќе бара замена со Рафа Бенитез и Валтер
Мацари како први кандидати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×