181
Севиља со 3-0 ја
доби пресметката против Хетафе, но во фокусот е инцидентот на стартот од
вториот дел.
Џене стартуваше
опасно врз Окампос, Аргентинецот заработи тешка повреда и теренот го напушти на
носилки и со солзи во очите.
Кога фудбалерот на
Севиља беше во болка крај аут-линијата, Лопетеги разговараше со него, и откако увиде
дека се работи за сериозна повреда, се сврте кон клубата на гостите и дофрли
пцовки.
Ова не му се
допадна на неговиот колега од спротивниот табор. Бордалас веднап тргна да се пресмета со Лопетеги, но скокнаа помошниците и го задржаа.
Судијата сето ова
го реши со три црвени, за Џене, за Лопетеги и за Бордалас.