Пандев го сруши Наполи, но не се предомислува: За жал ова е мојата последна сезона

by
1 минути читање

Пандев вечерва беше херојот на Џенова во победата над неговиот поранешен клуб Наполи, македонскиот капитен постигна два гола за триумф од 2-1.

Изгледа како Пандев да може да одигра уште некоја сезона, претседателот на Џенова веќе рече дека ќе се обиде да го предомисли и да го задржи и по ЕП, но Македонецот по мечот уште еднаш потврди дека ги игра последните натпревари.

„Дали ќе се пензионирам? За жал да, тешко е се игра и пред се да се опоравува од повреди на моја возраст. Мојата намера е да прекинам да играм по Европското првенство, а потоа ќе видиме. Засега среќен сум тука“, вели Пандев по мечот.

„Среќни сме за победата, одигравме одличен меч против голем тим. Ова се три значајни бода во борбата за опстанок. Работиме напорно и докажавме дека вредиме“.

„Балардини ни даде многу. Пред се внесе спокојство и свесност за нашите квалитети и тоа многу ни значеше. Работиме напорно за да опстанеме. Ние сме тим со многу квалитет и тренер кој знае да го извади тоа од нас. Сепак сезоната се уште е долга“.

„Наполи? Имам голема почит за клубот и за градот. Поминав три фантастични години таму. За жал тие имаат многу повреди и позитивни на ковид, не е лесно да се игра така“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×