Џенова го победи Наполи со 2-1 благодарение на два погодоци на Горан Пандев. Капитенот беше подобар од Елмас во македонското дерби од Серија А.
Пандев го отвори мечот уште во 11. минута, кога по една грешка на Наполи во средината на теренот, Бадељ асистираше до Македонецот кој реализираше за водство од 1-0.
15. минути подоцна нов гол на Пандев, овој пат Зајц асистираше, а нашиот фудбалер паметно ја смести топката во мрежата на Наполи за водство на Џенова од 2-0.
Пандев од игра беше изваден во 67. минута, штета што стадионот беше празен, во спротивно Македонецот ќе добиеше големи овации за овој настап.
Наполи се врати во игра во 79. минута со гол на Политано.
Тимот на Гатузо со сите сили се обидуваше да избегне пораз, а Елмас имаше фантастична шанса во 92. минута, но шутираше високо над голот на Перин.