Пирло: Знаевме како ќе одигра Рома, па седевме назад, се браневме и напаѓавме на контри!

by
1 минути читање

„Старата дама“ скокна на третата позиција на табелата откако вечерва славеше против Рома со 2-0. „Волчицата“ не беше инфериорна, во многу статистички показатели беше подобра, но на крајот мораше да се помири со пораз.

Андреа Пирло вели дека тие добро го простудирале противникот, соодветно се подготвиле па затоа стигнале до трите бода.

„Одигравме како што сакавме да одиграме. Се подготивме за ваков тип на натпревар. Знаеме дека Рома игра убав фудбал но остава многу простор кога ќе нападне со повеќе играчи. Па затоа седевме назад, се браневме и напаѓавме на контри“ – вели тренерот на Јувентус.

„Не е лесно постојано да ги притиската високо. На моменти игравме вака, но во поголемиот дел од мечот решивме да седиме назад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×