156
Кикс на Аталанта против Торино, избраниците на Гасперини испуштија голема предност и можност да прокнижат три бода.
Иличиќ погоди за 1-0 во 16. минута, Госенс зголеми на 2-0 во 19. минута, а Муриел реализираше за 3-0 во 21. минута.
Многумина тука помислија дека е јасно кој ќе слави но Белоти во 42. минута намали на 2-1 а Бремер во 45. минута погоди за 3-2.
Торино продолжи да притиска во продолжението од мечот и беше награден за ова во 84. минута кога Бонацоли донесе 3-3 и бод.