161
Интер со 2-0 ја победи Фиорентина со голови на Барела и Перишиќ.
Со овие три бода Интер изби на чело на Серирја А, но Милан утре го игра својот меч, го пречекува Кротоне и со победа ќе се врати на врвот.
„Мислам дека одигравме добар меч Имавме повеќе шанси, можебме порано да го решиме победникот, но најважно е што ги собравме трите бода“, вели Перишиќ.
„Први сме, и тоа е тоа што се брои. Сега одиме во Торино да го победиме Јувентус“.
Интер му гостува на Јувентус во реванш полуфинале од Купот на Италија, првиот меч го загубија дома со 2-1, па мора да победат во Торино за да се пласираат во финалето.