Презадоволни од
постигнатото во претходното коло, се пренасочуваме кон новото 23 во англиската
Премиерлига, добредојдовте во најновата анализа од едицијата на „24фудбал скаут
фантази“ како помошна алатка за сите наши натпреварувачи на мега популарната
игра.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Претходната
анализа која ја наведовме донесе одлични 75 освоени бодови, во коло каде
просекот изнесуваше 57, но, не може се’ да биде совршени нели, па така киксна капитенот, а со него и големиот
фаворит Ливерпул во пресметката на домашен терен против Брајтон, каде
избраниците на Клоп беа минимално поразени.
Претходната
анализа: Брајтон е следен наменито на Салах
Од изборот кој го
препорачавме, Ван-Бисака и Џастин беа едноставно перфектни во своите настапи,
па така бекот на Манчестер јунајтед освои фантастични 17 бода со гол и
асистенција во убедливата победа од 9-0 против Саутемптон, а бекот на Лестер со
гол во победата кај Фулам освои 15 бода. Потфрли Лено, откако голманот на
Арсенал се здоби и со исклучување, а за Арнолд самиот минимален пораз на
Ливерпул од Брајтон на свој терен говори доволно.
Во средниот ред и
општо земено во целиот тим, како кај многу натпреварувачи, така и во нашата
анализа, разочарувањето е најголемо од Салах, откако првата ѕвезда на Ливерпул
имаше очајно издание, а за разлика од него, Фернандеш освои одлични 17 бода,
меѓутоа Египјанецот сепак беше прв фаворит за капитентската лента, но се случи
нешто сосема неочекувано, каква што е генерално целата нова сезона во
Премиерлигата.
Разликата ја
очекувавме во Переира и Сант-Максимин, но тоа не се оствари, а мошне солидно
поминавме во нападот каде Бамфорд запиша асистенција, а Воткинс погодок.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во пресрет на селектирањето
играчи за новото коло, најпрво ќе се осврнеме на кратко во поглед на актуелната
состојба со трансферите, а по перфектниот настап минатото коло, Ван-Бисака
веднаш стана најкупуваниот во новото коло.
По Ван-Бисака,
следи трио во Вест Хем кој сезонава игра неверојатно добар фудбал под кормилото
на Мојс, тука е напаѓачот Антонио кој на одличен начин се врати по повредата
која го одалечи подолг период, како и Лингард кој запиша два гола на своето
деби во дресот на „Чеканите“ претходното коло, а место на оваа листа има и за
огромното откритие сезонава на Мојс, Сучек кој царува во казнениот простор на
противниците, а особено е добар во прекините.
Во топ пет
најкупувани фудбалери за ова коло се најде и Џастин, бекот на Лестер кој игра
во фантастична форма, па многу веројатно е дека ќе продолжи понатаму во
стартниот состав на Роџерс и покрај враќањето на Переира од повредата.

Што се однесува
пак до оние најпродаваните фудбалери, таму на прво место е Кејн откако
напаѓачот на Тотнем се здоби со повреда, а по него следи „малерот“ на
претходното коло Беднарек од Саутемптон кој освои -7 бода, постигна автогол,
доби црвен картон, а неговиот тим прими дури 9 гола од Манчестер јунајтед. Во
триото водечки на оваа листа се најде и Чилвел од Челси, кој веќе два меча по
ред во низа беше изоставен од новиот тренер Тухел кој се уште го скенира
составот, а особено добар излезе Алонсо кој максимално ја искористи укажаната
прилика.
На оваа листа се
најдоа уште Заха од Кристал Палас кој се повреди, а сигурно ќе отсуствува ова
коло, како и Сон кој од меч во меч се повеќе разочарува, а дополнителен проблем
за него во играта е секако повредата на Кејн со кого имаа одлично партнерство
во нападот.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Ливерпул е очаен,
а нема дилеми во тоа, а секако дополнително отежнувачки податок за „Редсите“ е
фактот што на последните три меча на домашен терен немаат постигнато гол, а
говорите за ривали од типот на Брајтон, Барнли, па и дербито со Манчестер
јунајтед. Овој пат на „Енфилд“ гостува Манчестер Сити, па колку и да звучи
чудно за многумина, ние на голот ќе го препорачаме Едерсон (6.1), кој запиша 13
меча без примен гол сезонава, а тоа што има само 32 одбрани досега, доволно
говори колку одбраната на „Граѓаните“ е цврста досега.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Ливерпул ќе биде
вистински тест за одбраната на Манчестер Сити, а ние очекуваме да продолжат
онаму каде што застанаа на гостувањето кај Барнли во претходното коло, а прво
ќе го препорачаме Рубен Диаш (6.1) кој на одличен начин се адаптираше во новата
средина, иако почетокот не ветуваше такво сценарио.
Бекот на Вест
Хем, Арон кресвел (5.6) има сезона за паметење, исто како и неговиот клуб
моментално во Премиерлигата, тој заедно со Диаш од Манчестер Сити е на делба на
првото место во однос на бодовите кај дефанзивците, но и фудбалер со најмногу (8)
асистенции од сите дефанзивци во таа конкуренција. Вест Хем гостува кај Фулам,
а по победата кај Астон Вила, секако дека очекувањата од „Чеканите“ сега се на
едно повисоко ниво.
Арон Ван-Бисака (5.5)
долго ќе ја памети победата од 9-0 над Саутемптон, откако бекот на Манчестер
јунајтед запиша гол и асистенција на таа пресметка, а за ова коло во пресрет на
мечот на домашен терен против Евертон се најде на листата најкупувани, што е
сосема очекувано.
Џон Стоунс (5.2), партнерот на Диаш во одбраната е нашиот следен избор, веројатно е дека доаѓа во целост свеж на гостувањето кај Ливерпул од причина што во дуелот со Шефилд Јунајтед пред две кола беше одморен.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Се префрламе на
средниот ред, а кој друг ако не Бруно Фернандеш (11.4) од Манчестер јунајтед.
Ако бидеме објективни, ќе си признаеме дека помалку бевме разочарани во одреден
период од убедливата победа од 9-0 над Саутемптон, но Португалецот за краток
период направи 17 бода и ги реши сите дилеми, а ние секако ќе жалиме што не го
поставивме за капитен. Ова коло Манчестер јунајтед на домашен терен го
пречекува тимот на Евертон, па ова е нова можност за Португалецот повторно да
блесне во сиот свој сјај.
Со голема доза на
сомнеж, но со реченицата „Сега или никогаш“ ќе го додадеме Сон (9.7), кој во
отсуство на повредениот Кејн има големи проблеми во играта во Тотнем, меѓутоа
таква е ситуацијата, а од Кореецот ќе се очекува многу во дуелот на домашен
терен против ВБА за прекинување на неговиот пост од непостигнати погодоци на
пет меча во низа.
Вулверхемптон не
може да се пофали со некоја добра форма сезонава, веројатно повредата на
Хименез си одигра своја улога за составот од „Молењу“, негативна секако, па
речиси и да немаме дилеми дека неверојатниот Џејмс Медисон (7.3) може да биде клучен играч за Лестер на
гостувањето кај Вулверхемптон ова коло, откако плејмејкерот игра во неверојатно
добра форма последниов период, само во последните шест кола запиша три гола,
односно исто толку и асистенции.
Вест Хем игра
неверојатно добро под кормилото на Мојс, а доколку почнеме да ги набројуваме
откритијата на Шкотланѓанецот сезонава во поглед на фудбалерите, листата би
била долга, па за ова коло ќе го препорачаме Џеси Лингард (6), да, добро
прочитавте, фудбалерот во кого ретко кој веруваше, а истиот тој запиша два
погодоци во победата од 1-3 кај Астон Вила на своето деби и освои фантастични
15 бода, не е чудо воопшто што е помеѓу најкупуваните фудбалери за ова коло,
воопшто, а дополнителна мотивација е фактот што „Чеканите“ овој пат гостуваат кај
Фулам.
Рафиња (5.3) игра
во неверојатно добра форма, а крилниот напаѓач на Лидс досега постигна четири
погодоци и исто толку асистенции, а поголемиот дел од тој учинок го постигна
последните неколку кола, што доволно говори за него во пресрет на дуелот на
домашен терен против Кристал Палас. Имајте на ум дека Лидс е непрепознатлив на
свој терен, а многу поубедлив на гостински терен, што е неверојатно за составот
на Биелса сезонава.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Гостувањето кај
Шефилд Јунајтед за Челси дава нов кредит за Тимо Вернер (9.2), кој во
претходното коло изнуди пенал за голот во минималната победа кај Тотнем, па
нека биде тоа увертира за подобри денови за германскиот напаѓач кој
адаптацијата во Премиерлигата ја прави по еден мошне тежок пат.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав:
Едерсон (6.1); Диаш (6.1), Кресвел (5.6),
Ван-Бисака (5.5), Стоунс (5.2); Фернандеш (11.4),
Сон (9,7), Медисон (7.3), Лингард (6), Рафиња (5.3); Вернер (9.2)
Капитен: Фернандеш
Заменик-капитен:
Сон
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во самата
завршница од анализата ќе направиме еден краток осврт на актуелната ситуација
на табелата во генералниот пласман на Македонија, меѓутоа и табелата во лигата
на „24фудбал“.
Во генералниот
пласман на Македонија на првото место се наоѓа Александар Чангов со досега
освоени 1515 бода, имате можност да го проследите неговиот избор од претходното
коло.


Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал“, таму лидер е Александар Димовски со досега освоени
1474 бода, имате можност да го проследите и неговиот избор од претходното коло.


Среќно до сите
натпреварувачи и ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad