Интер по седум години победи во Фиренца и ќе преноќи како лидер во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Интер ќе преноќи
како лидер во Серија А, „нероаѕурите“ скокнаа на врвот на табелата по триумф од
0-2 над Фиорентина.

Барела го отвори
резултатот по половина час игра, Италијанецот прецизно пласираше од врвот на
шеснаесетникот за 0-1.

Домаќините потоа
имаа двојна шанса, Хандановиќ со помош на пречката го спречи Бонавентура, а
потоа успеа на време да стане и да спречи нов обид на „виолетовите“.

Интер можеше да
ја зголеми предноста во последните мигови од првиот дел, но Лукаку промаши од
добра ситуација.

Сепак, гостите постигнаа
гол по пет минути игра во продолжението. Хакими доби топка во фор и го проигра
осамениот Перишиќ, кој рутински реализираше за 0-2.

Гостите потоа
имаа уште неколку шанси за поубедлива победа, но голманот Драговски не дозволи
да биде совладан по трет пат. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×