Ривалдо: Деталите од договорот на Меси ги објави некој со лоша намера кон Барселона, но и кон Меси

by
2 минути читање

Голема прашина
крена објавата на „Мундо депортиво“ каде до детал беше претставен договорот на
Лионел Меси со Барселона со сите детали од финансиски аспект, а астрономската
сума која Аргентинецот ја заработува донесе одредени полемики во јавноста.

Ел Мундо: Ова е договорот на Меси кој ја уништи Барселона, 555 милиони за четири години

Како и да е,
многумина застанаа во одбрана на првата ѕвезда на Каталонците, тврдејќи дека
самиот клуб има огромна заработка од тоа што го има во составот, како и
неговиот допринос низ годините, а легендата на клубот, Ривалдо смета дека овие
информации ги објавил некој што има лоши намери за Барселона, но и Меси.

Астрономската плата која ја добива Меси е оправдана, приходот кој го има Барса од него е неверојатен

Протекувањето на
тие детали од договорот на Меси со Барселона оваа седмица воопшто не е добро,
сево ова е штетно како за клубот, така и за фудбалерот, но јас сметам дека не
треба да се заглавуваме на оваа тема и премногу да дебатираме на истата
“ смета Ривалдо.

Треба само да
запомнеме за сето тоа што самиот фудбалер го стори за клубот, неговата
посветеност беше на едно високо ниво долг период, во и вон теренот, не е
коректно да биде критикуван за некаков договор со кој си донел лична заштита
“ додава тој.

Некој решил да
ги објави тие информации јавно и извесно е дека тој што го сторил тоа има лоша
намера, веројатно да му наштети на клубот уште толку, кој и онака минува низ
еден турбулентен период, но и на Меси секако
“ заклучи легендарниот фудбалер на Каталонците.

Бразилецот
истовремено наведе дека за очекување е Меси да си замине по крајот на
актуелната сезона, додавајќи дека и самиот тренер Роналд Куман се сомнева дека
тој ќе остане, а со сличен став е фаворитот за нов претседател на клубот, Жоан
Лапорта, кој претходно ја обавуваше таа функција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×