Зидан никогаш не бил толку бесен: Кажи ми во лице дека треба да си одам а не да ми зборуваш зад грб!

by
1 минути читање

За иднината на Зинедин
Зидан се пишува со месеци, медиумите често говорат дека тој ќе добие отказ
поради слабите резултати. Французинот денеска се појави на прес во пресрет на
дуелот со Уеска и брзо ги загуби нервите.

„Не знам што ќе
се случи, заслужуваме да ја завршиме сезоната со овој состав. Многу работи се
говорат, за промена на тренот и слично. Она што треба да се случи, ќе се случи.
Имам среќа да бидам дел од овој клуб и ќе уживам до последниот ден. Ако луѓето
сакаат да заминам, нема да си одам. Да, во последно време не сме на потребното
ниво, не победивме на доволно натпревари, но имаме желба да ја промениме
ситуацијата“
– рече тренерот на Реал Мадрид.

Откако говореше
за заминувањето на Одегард, повредат ана Азар и новиот договор на Рамос, се вратија
прашањата за неговата иднина.

„Дали си
сериозен? Секој ден се пишува дека добивам отказ… Минатата сезона ние ја
освоивме титулата, Реал Мадрид. Имаме право да се бориме за неа и оваа сезона.
Следната сезона ќе мораме да промениме некои работи… Но пуштете не да се бориме
оваа сезона. Реал Мадрид ја освои титулата минатата сезона, а не пред десет
години. Смешни сте со овие прашања… Покажете малку почит. Ако веќе сакате да ме смените, кажете ми го тоа
во лице, а не да ми зборувате зад грб“.

Со оглед на тоа
дека ваква реакција немало претходно, новинарите го запрашаа зошто се налути.

„Еден ден велите
дека добивам отказ, следниот пишувате дека останувам, ако одиграме нерешено или
загубиме, пак се пишува дека ќе бидам сменет. Знам дека си ја вршите само
работата, но треба да покажете малку повеќе почит“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×