Проблемите не биле наивни, Ансу Фати во тајност опериран по втор пат

by
1 минути читање

Младата ѕвезда на Барселона го оштети менискусот на коленото на почетокот од ноември, веднаш беше опериран и се предвидуваше дека ќе се врати на терените за три месеци.

Сепак, на почетокот од оваа недела се појавија гласини дека рехабилитацијата не оди според планот, нема конкретен датум за негово враќање и Ансу Фати нема да биде подготвен за дуелите против ПСЖ во Лигата на шампиони.

Последните извештаи велат дека проблемите не биле воопшто наивни. ТВ3 пренесе дека напаѓачот пред две недели по втор пат заминал под нож, операцијата била извршена во тајност.

Но ниту овој зафат не помогнал многу, работите се толку сериозни што може да биде извршена и трета опеција во иднина. Нјаоптимистичко сценарио е играчот да се врати на терените на крајот од март или на почетокот од април.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×