Голманот на Ајакс една година суспендиран поради паднат допинг тест, по грешка земал од апчињата на сопругата

by
1 минути читање

Шампионот на Холандија има нови проблеми, голманот Андре Онана доби суспензија од една година, Камерунецот паднал на допинг тест направен во октомври, бил позитивен на супстанцата Фуросемид.

Ајакс ќе ја обжали одлуката на УЕФА пред Судот за спортска арбитража, клубот од Амстердам го правда голманот и вели дека тој по грешка земал лек кој и бил препишан на неговата сопруга.

„Утрото на 30. октомври, Онана не се чувствувал добро, па сакал да земе апче за да ја ублажи тешкотијата. Несвесно, земал Ласимак, лек кој претходно бил препишан на неговата сопруга. Тоа што Онана по грешка земал од апчињата на сопртугата, на крај придонесе да добие казна од УЕФА. Дисциплинското тело при УЕФА призна дека Онана немал намера да мами, но смета дека спортистите имаат обврска да внимаваат и да се осигураат дека во ниту еден момент нема да конзумираат супстанца која е забранета“ – се вели во дел од соопштението на Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×