285
Роналд Куман на Атлетико Мадрид му ја подари „локомотивата“ за шампионска титула. Иако Суарез се уште може да игра на врвно ниво, Холанѓанецот му рече дека не смета на него и практично го избрка од клубот.
Оваа информација која беше објавувана во медиумите, сега ја потврди и Луис Суарез.
„Куман ме викна и ми кажа дека нема да смета на мене. Го прифатив тоа, но му реков дека имам договор и ќе бидам со тимот на подготовките“, вели Суарез.
„Не можев да зборувам со Бартомеу, мојот адвокат го направи тоа. Беше тешко да ја напуштам Барселона, чувствував дека клубот не ме почитува, но сакав моите деца да видат дека клубот го напуштам со стил“.