Тухел: Не е само до тактиката…

by
1 минути читање

Тухел одлично ја почна својата авантура во Челси, освои седум бода од можни девет на трите натпревари. Посебно слатка е вчерашната на гостински терен кај градскиот ривал Тотнем.

„Не се работи за моите методи. Среќен сум со однесувањето на тимот, на потенцијалот. Тие се добри момци, убава група и отворени се. Задоволство е да се биде меѓу нив. Имаме голема поддршка од целиот клуб. Лесно е да се стартува вака бидејќи веднаш се почувствував добредојден“, вели Тухел.

„Не се работи само за тактиката, се работи за начинот на кој игравме и живеевме во натпреварот. Бевме внесени 100 проценти со цела сила и интензитет. Никогаш не ја загубивме вербата, и куражот да притискаме високо, и за тоа да го правиш треба да си храбар како што ние бевме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×