Германија ги
затвори границите за патниците од „островото“ поради новиот сој на ковид-19, а специјална
дозвола нема ниту за професионалните фудбалери. Ова направи проблем за
гостувањето на Ливерпул кај РБ Лајпциг на 16. февруари во Лигата на шампиони.
Па сега РБ
Лајпциг треба да најде решение и до 8. февруари на УЕФА да и ги презентира
плановите или во спротивно ќе загуби со 3-0.
Се говори за
идеја да се прменат термините, односно Ливерпул да биде домаќин на 16. февруари,
а реваншот да се игра во Лајпциг на 10. март. Но се верува дека шампионот на Англија
не е расположен за ваков компромис, бидејќи ја губи предноста одлучувачкиот меч
да го игра на свој терен.
Опција е мечот да
се игра во Салцбург, но проблем е тоа што сестринскиот тим на Лајпциг има свој меч
на 18. февруари во Лига Европа.
Има уште неколку
алтернативи, мечот да се игра во Унгарија или Русија.