296
Јужнокорејскиот клуб, Услан Хјундаи одлично го почна мечот и во 24. минута со гол на Ким Ки Хе поведе со 1-0.
Но на одморот се замина со водство на Тигрес благодарение на искусниот Жињак. Тој најпрво во 38. минута го изедначи резултатот, а потоа во судиското продолжение од првиот дел погоди од пенал за предност од 2-1 што беше и конечен резултат.
Тигрес во полуфиналето ќе игра против Палмеирас.