Барселона му се налути на ПСЖ поради Меси а тие со години применуваа иста тактика

by
1 минути читање

Лео Меси ги одработува последните месеци од договорот со Барселона, и доколку реши да замине, се верува дека има само две опции: ПСЖ или Манчестер Сити.

И додека „граѓаните“ се тивки, од таборот на „светците“ јавно агитираат за преселба на Аргентинецот во Париз.

Прв се огласи Нејмар, кој рече дека сака повторно да игра со Лео Меси, потоа во неколку наврати зборуваше новиот тренер Маурисио Покетино, па се огласи сонародникот Леандро Паредес, а оваа недела на ред да дојде Анхел Ди Марија.

Запрашн за можноста да игра со Меси, тој рече: „Да, да, се надевам. Има многу можности, треба да останеме спокојни и да ги оставиме работите да се одвиваат според посакуваното сценарио“.

Зачестените коментари од Париз не им се допаѓаат на „каталонците“, а гласот го крена тренерот Роналд Куман.

„Ова не е фер, покажуваат непочитување кон Барселона. Многу луѓе од ПСЖ говорат за Лео, кој го носи дресот на Барселона. Особено што играме против нив во Лигата на шампиони“ – вели Холанѓанецот.

Интересно, токму ваква тактика редовно беше применувана Барселона во минатото. Кога Барса ќе сакаше да купи некој играч, фудбалерите редовно зборуваа за него по весниците, особено оние блиски до нив, и првеа дополнителен притисок за реализирање на зделката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×