442
Тотнем со 1-0 загуби во неделата на гостувањето кај Брајтон, резултат кој му донесе радост на Сахил Арора, навивач на Манчестер јунајтед од Њу Делхи, Индија.
Тој освоил 5.000 фунти на фантази фудбал џекпот, па решил на интересен начин да го „трола“ Жозе Мурињо. Закупил цела страна во „Енфилд Индипендент“ весник од Северен Лондон во близина на тренинг центарот на „спарси“.
„Драг Жозе, оваа реклама е платена со 5.000 фунти кои ги добив благодарејќи на поразот на Тотнем од Брајтон“ – гласеше пораката.
„Еве ти специјален трофеј. Можно е само него да го освоиш оваа сезона“.
