Проблеми за Симеоне: Дембеле се зарази со ковид

by
1 минути читање

Напаѓачот на
лидерот во шпанската Примера, Атлетико Мадрид, Муса Дембеле излезе позитивен на
последното тестирање за коронавирус во клубот, а тоа е дополнителен проблем за
тренерот Диего Симеоне откако претходно се зарази и Жоао Феликс.

Претходната
седмица на списокот на заразени се најдоа Јаник Караско и Марио Ермосо, а по
последниот случај со Дембеле, Симеоне ќе биде без уште една опција во нападот
кој дојде на позајмица од редовите на Лион претходниот месец, а се уште нема
запишано деби настап.

24 годишниот
француски напаѓач се пресели во составот на „Јорганџиите“ на позајмица до
крајот на актуелната сезона, а Атлетико Мадрид има опција да го откупи неговиот
договор за околу 30 милиони евра на лето.

Кога сме кај
Атлетико Мадрид, вреди да се спомене неверојатната форма на избраниците на
Симеоне кои со 50 бода, десет повеќе во однос на Барселона, се лидери во
Примера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×