Реал Мадрид би
можел да има нов проблем во Герет Бејл доколку од Тотнем одлучат да го вратат
назад во шпанската престолнина, односно да не ја искористат опцијата да му го
откупат неговиот договор на лето кога завршува позајмицата на Велшанецот.
31 годишниот Бејл
се врати на голема врата во „Спарси“ оваа сезона, меѓутоа досега неговите
изданија и перформанси во моментите кога добиваше шанса од Жозе Мурињо беа
прилично разочарувачки.
Со само еден гол
во шесте досегашни настапи во Премиерлигата, Бејл не успеа да импресионира, а
доколку се врати на лето во редовите на „Кралевите“, шпанскиот гигант ќе се
соочи со нови главоболки бидејќи поради „Брегзит“ тој ќе се води како фудбалер
вон Европската Унија.
Повеќе од
веројатно е дека Тотнем нема да го задржи Велшанецот во своите редови, а
истовремено веројатно е дека нема да има место за него ниту во Реал Мадрид во
ситуацијата каде за шпанскиот гигант се дозволени само тројца фудбалери вон ЕУ.