Робертсон брутално искрен: Не сме во трката за титулата

by
1 минути читање

Кога не оди,
едноставно не оди, актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата синоќа беше
шокиран на свој терен од Брајтон, а избраниците на Јирген Клоп со минималниот
пораз го забележаа вториот пораз во последните пет меча.

Во пресрет на
дербито со Манчестер Сити претстојниов викенд, бекот Енди Робертсон вели дека
во моментов „Редсите“ не се во трката за титулата.

Како што стојат
работите во овие моменти, ние не сме во трката за титулата, заостануваме цели
седум бода зад Манчестер Сити, а тие имаат и меч помалку од нас
“ вели 26
годишниот Шкотланѓанец.

Сигурен сум дека
тие би го рекле истото доколку се на наше место, сепак, треба да вложиме
максимален напор да го вратиме Ливерпул онаму каде што сите знаат каде му е
местото, се уште сме добар тим, не сакаме од сево ова да извлечеме негативни
последици, потребни ни се брзи резултати, посебно на домашен терен
“ додаде
фудбалерот на Ливерпул.

„Редсите“ сега се
на четвртото место на табелата со дури седум бода заостанување зад лидерот
Манчестер Сити, кој пак има и меч помалку, а тоа не е баш добра увертира за
Ливерпул во пресрет на големото дерби со „Граѓаните“ претстојниов викенд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×