152
Евертон со целиот плен си заминува од гостувањето кај Лидс.
Резултатот беше отворен уште во деветата минута кога Сигурдсон погоди за водство од 1-0.
Брзо по погодокот Лидс можеше да изедначи, Алиоски шутираше одлично но неговиот удар заврши во стативата. Штета.
На пет минути пред крајот на првото полувреме Калверт Луин постигна погодок и го зголеми водството на Евертон на 2-0.
По три минути игра во вториот дел Рафиња постигна гол и го врати Лидс во игра, но домаќините не успеаа да постигнат и втор погодок.