Леванте со гол во 121. минута се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија, цел меч за Барди (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Барди со Леванте ќе игра во полуфиналето од Купот на Шпанија против Севиља откако денеска за еден гол беа подобри од Виљареал.

Немаше погодоци во регуларните 90 минути, па мечот премина во две продолженија од по 15. минути. Веќе течеа последните мигови од продолженијата и кога сите мислеа дека пеналите ќе го решаваат победникот, Роџер постигна гол за победа на Леванте од 1-0.

Леванте во полуфиналето ќе игра против Севиља која синоќа со 1-0 ја совлада Алмерија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×