„Граѓаните“ беа
првиот тим во историјата кој победил девет меча во еден месец откако имаа
перфектен јануари, а избраниците на Пеп Гвардиола во исто темпо го започнаа и
февруари.
Вечерва без многу
проблеми со 0-2 триумфираа на гостувањето кај Барнли. Габриел Жесус го отвори
резултатот уште во 3. минута, голманот Поуп лошо одби една топка а Бразилецот
со глава од пет метри ја затресе мрежата.
Во завршницата од
првиот дел, гостите комбинираа убаво, Стерлинг доби топка во срцето на
петерецот и рутински реализираше за 0-2.
За Манчестер Сити
ова беше победа број 13 во низа во сите натпреварување, „граѓаните“ изедначија
постигнување на Арсенал од 2002 година.
На вториот денешен
натпревар од 19 часот, Лестер исто така со 0-2 славеше на гостувањето кај
Фулам.