220
Азар вчера не тренираше поради ситна повреда, но денес се врати на тренинг и ситната повреда стана сериозна.
За време на денешниот тренинг Азар одново се пожалил на повреда во мускул, а по тестовите е установено дека ќе треба да паузира најмалку еден месец, а можно е и некоја недела повеќе.
Тоа значи дека во најдобар случај би се вратил пред дербито против Атлетико Мадрид кое треба да се игра на седми март. Тој со сигурност ќе го пропушти првиот меч против Аталанта од Лигата на шампионите.