Тухел: Кога јас почнав како тренер, Мурињо беше далеку од мене како месечината од земјата

by
1 минути читање

Тотнем утревечер
на домашен терен го пречекува Челси во дербито на 22 коло од англиската
Премиерлига, а новиот предводник на „Сините“ од Лондон, Томас Тухел не се
штедеше на пофалби на сметка на својот ривал Жозе Мурињо.

Се работи за
натпревар помеѓу Тотнем и Челси, а не мене против Мурињо, среќен сум што ќе имам
можност да се натпреварувам со силен тим против неговиот
“ наведе Тухел.

Дали тој е
пример кој треба да се следи? Искрено, кога ја почнав кариерата тој беше толку
далеку од мене, како месечината од земјата, јас бев тренер во младински погон и
потоа се искачив едно скалило погоре, од тогаш па наваму уживам секој ден во
мојата работа
“ додаде германскиот фудбалски стратег.

Немам никакви
дилеми во тоа дека Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот, склопи тим во
Тотнем кој може да биде конкурентен, доста силен состав, тоа е тој предизвик
кој мене ми се допаѓа
“ заклучи Тухел.

Инаку Тухел на
клупата на Челси тргна со реми без голови против Вулверхемптон, односно победа
од 2-0 против Барнли, во моментов е израмнет со Тотнем во однос на бодовите
дејелќи ја шестата позиција на табелата, но има и меч повеќе од својот градски
ривал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×