Од Ливерпул
објавија фотографии од нивниот офанзивец Диого Жота кој се чини дека
рехабилитацијата на својата повреда ја искачи на напредно ниво, а тој веќе
започнал и со индивидуални тренинзи.
Откако се пресели
на „Енфилд“ по трансферот од Вулверхемптон вреден 41 милион фунти лани во
септември, Жота имаше одличен старт во новиот дрес постигнувајќи девет погодоци
на 17 настапи.
Како и да е,
офанзивецот се здоби со повреда на коленото во мечот против Митјиланд во Лигата
на шампионите на 9 декември, па од тогаш е вон комбинација за настап под
кормилото на Јирген Клоп.
24 годишниот Жота
останува на програмата за целосна рехабилитација од повредата, а од
фотографиите кои ги објави Ливерпул, извесно е дека тој е мошне близу до
враќање на терените.


