Деле Али и Жозе Мурињо не беа во најдобар однос, но синоќа двајцата имале состанок на кој ги закопале секирите. Португалецот се надева дека англискиот фудбалер ќе биде во многу подобра форма во продолжението од сезоната, но прво треба да се врати од повредата.
„Тој треба да се врати од повредата, да почне повторно да тренира, и треба да има свеж старт бидејќи во изминатите недели не можеше ниту да тренира, па тоа е најважно“, вели Мурињо.
„Вчера имав добар разговор со него, зборувавме и мислам дека најдовме заеднички јазик. Ова е важен дел од сезоната за тимот, ова е важен дел од сезоната и за него. Потребен ни е, потребен ни е добар Деле Али. Чекаме да се врати во нормалноста, да се врати на тренинг со тимот“.
„Потребен ни е назад во тимот, му го кажав тоа, но разговорот не прави чуда, разговорот не го става фудбалерот во подобра форма, но верувам дека разговорот можеби беше екстра мотивација која му беше потребна за да се врати колку што е можно побрзо и да биде на располагање на тимот. Наскоро продолжуваме со Лига Европа, играме во Премиерлигата, ФА Купот, имаме финале во април, па потребен ни е Деле Али назад, и мислам дека кога ќе биде физички спремен, ќе биде и ментално добар“.