611
Дрис Мертенс минатата недела се врати
во Белгија да ја продолжи рехабилитацијата по повредата на скочниот зглоб, но
имал едно непријатно искуство.
Приватниот авион
со кој патувал, при слетувањето излетал од пистата на аеродромот во Антверпен.
Поради силниот дожд
и ветер, авионот завршил во тревата, но за среќа напаѓачот на Наполи и екипажот
само добро се исплашиле и поминале без повреди.