Меси ја одреди листата за отстрел, ова се петмината кои ќе добијат тужба

by
1 минути читање

Изминатиов
викенд, „Ел Мундо“ ја разбранува јавноста откако објави дека договорот на Лео
Меси тежи 555 милиони евра. Годишната бруто плата од нешто над 138 милиони евра
за многумина изгледа превисока, особено што во моментов Барселона е до гуша во
долгови и нема пари за плати и трансфери.

Лео Меси е
разочаран што неговиот договор дојде до очите на јавноста па ќе достави тужби до
лицата за кои смета дека се „кртот“.

Тужба ќе добие
поранешниот претседател Жозеп Мариа Бартомеу, в.д. претседателот Карлес
Тускетс
, поранешниот потпретседател за спорт Жорди Местрe, генералниот извршен
директор Оскар Грау и првиот човек на правната служба Рома Гомез Понти.

Ова се петмината
кои имале пристап до документите и кои можеле да ги споделат со „Ел Мундо“.
Тужба исто така ќе добие и весникот со оглед на тоа дека објави документ кој е приватен. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×