Роналдо се налути што не одигра 90 минути, Пирло вели: Никаде не пишува дека не смее да биде заменет!

by
1 минути читање

ЦР7 со два гола
го предводеше Јувентус до триумф над Интер во првиот меч од полуфиналето во
Купот на Италија, но Португалецот не беше многу среќен кога на 15 минути пред
крајот мораше да го напушти теренот и да му отстапи место на Алваро Мората.

„Никаде во
договорот не пишува дека Роналдо не смее да биде заменет“
– рече Андреа Пирло
по крајот на натпреварот.

„Гo разбирам, нормлано
е тоа што не беше среќен, се работи за полуфинале, но во сабота не чека важен
натпревар (против Рома во Серија А) и правилна одлука беше да го одмориме. Добро
е од време на време и тој да земе здив“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×