ПСЖ реши една дилема, Нејмар останува во Париз до 2026 и ќе биде еден од најплатените во светот

by
1 минути читање

ПСЖ реши една
дилема, Нејмар останува во Париз. Попладнево, ТНТ Бразил и добро упатениот
новинар Марсело Бешлер пренесоа дека напаѓачот е многу блиску до потпис на нов
договор, официјалната потврда може да пристигне уште оваа недела.

Извештајот вели
дека Нејмар ќе се обврзе кон ПСЖ до 2026 година и ќе биде еден од најплатените во светот.

Информациите од
Бразил потоа беа потврдени од уште неколку извори во Европа.

ПСЖ сега ќе се
насочи кон преговорите со Килијан Мбапе и ќе имаат еден адут повеќе во обидите
да го убедат младиот Французин дека ќе имаат големи амбиции во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×