Добредојдовте во
најновата анализа од едицијата „24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“ како помошна алатка за
сите наши натпреварувачи во мега популарната игра, пред нас се натпреварите во
рамките на 22 коло, а претстојат нови тешки одлуки и дилеми околу селектирањето
на фудбалери.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Ќе мораме што е
можно побрзо да го заборавиме претходното коло, од причина што анализата од претходното
коло донесе очајни 24 бода во коло каде просекот на бодови изнесуваше 48,
меѓутоа така е кога имате ситуација да од составот бидат изоставени Стоунс,
Чилвел, Стерлинг, а уште еднаш се докажа дека Пеп Гвардиола нема милост кон
натпреварувачите кога ќе се реши за ротација во тимот.
Претходната анализа: Шефилд Јунајтед е нова шанса за Стерлингефилд Јунајтед е нова шанса за Стерлинг
Салах кој
бележеше голем пад во формата блесна во сиот сјај на гостувањето кај Вест Хем
кој дотогаш имаше фантастична низа на резултати, а големиот ризик кај големиот
број натпреварувачи да се ослободат од Египјанецот беше навистина еден лош
потег.
Тука е секако и
Вернер кој повторно разочара, овој пат против Барнли во победата на Челси, иако
Германецот стартуваше од првата минута, повторно покажа дека се соочува со
големи проблеми во однос на самодовербата на теренот, за која ќе треба се чини
подолг период да си ја врати.
Мора да се пофали
Џејмс Медисон кој игра во одлична форма, меѓутоа тој не беше во можност да
стори нешто повеќе на дуелот со Лидс, каде гостинот имаше доста мотивација за
надигрување, особено Бамфорд кој беше клучен во победата.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Во пресрет на
селекцијата на фудбалери, за момент ќе ја проследиме актуелната ситуација во
поглед на трансферите, а на првото место на најкупувани фудбалери за ова коло е
Салах од Ливерпул, па мошне веројатно е дека големиот број натпреварувачи
зажалија што го продадоа претходното коло.
На второто место
на оваа листа се наоѓа Вилсон од Њукасл, па следи Диаш од Манчестер Сити, во
водечката петорка место има уште и за Антонио од Вест Хем, но и Грилиш од Астон
Вила.

Што се однесува
пак до листата на најпродавани фудбалери, таму на првото место е Кејн од
Тотнем, за кого натпреварувачите се чини немаат трпение, а дополнително
отежнувачки е фактот што не е познато кога ќе се рехабилитира од повредата. По
Кејн, следи и неговиот соиграч Сон кој по одличниот старт во новата сезона не
може да се врати на истиот колосек.
На оваа листа се
најдоа уште Сака од Арсенал, Чилвел од Челси, но и Вокер-Питерс од Саутемптон.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
За голманската
позиција ќе го препорачаме Бернд Лено (5) од редовите на Арсенал кој има
одлична сезона досега со осум меча без примен гол, што е одличен учинок
генерално за „Топчиите“. Лено со Арсенал гостуваат кај Вулверхемптон кој во
последно време мака мачи во завршницата, а што се однесува пак до Германецот,
тој претходното коло во дербито против Манчестер јунајтед на домашен терен
освои и бодови од играч на мечот.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Имаме чувство
како полека но сигурно Трент Александер-Арнолд (7.3) да се враќа во својата
препознатлива форма, откако бекот на Ливерпул помина низ еден исклучително
тежок период по повредата, а голот и асистенцијата на гости кај Тотнем носат
надеж за тоа што претстои, и покрај фактот што немаше посебен учинок во
победата кај Вест Хем претходното коло каде не запиша бодови од клин-шит.
Арон Ван-Бисака (5.4)
и Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекуваат Саутемптон, а тоа може да
биде убава можност за бекот да покаже што знае и умее нешто понапред од својата
позиција, за што веќе навикнавме да гледаме. Несомнено дека „Црвените ѓаволи“
по шокантниот пораз од Шефилд Јунајтед во последната пресметка на свој терен ќе
се обидат да ја стабилизираат играта во одбраната.
Џејмс Џастин (5.1)
оваа сезона се изнаигра во дресот на Лестер, а можеме слободно да кажеме дека
во целост ја оправда довербата од Брендон Роџерс кој реално и немаше избор по
повредата на подолг рок за Переира. По поразот од Лидс на домашен терен, „Лисиците“
се големи фаворити на гостувањето кај Фулам ова коло.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Мохамед Салах (12.6)
со два гола против Вест Хем донесе победа за Ливерпул против доста незгодниот
противник, а со тоа Египјанецот дојде до бројката од 15 погодоци досега,
дополнително има реализирано и четири асистенции, па сигурно е најдобриот избор
за капитен ова коло за пресметката против Брајтон на домашен терен.
Едноставно не можете
да очекувате ништо сигурно во однос на селекцијата која ја прави Пеп Гвардиола
поради неверојатно големиот број ротации кои ги прави постојано предводникот на
Манчестер Сити, но ако земеме во предвид дека Рахим Стерлинг (11.6) одмараше во
минималниот триумф над Шефилд Јунајтед претходното коло на домашен терен,
веројатно би било големо изненадување Гвардиола да го одмори и на гостувањето
кај Барнли.
Манчестер
јунајтед освен во одбраната, сигурно ќе треба да го поправи учинокот и во
офанзивниот дел од играта, а за тоа посебно ќе треба да се погрижи Бруно
Фернандеш (11.4) за мечот против Саутемптон на домашен терен.
За очекување беше
токму Матеус Переира (5.6) да биде клучниот играч на ВБА сезонава, меѓутоа Бразилецот
имаше доста лоши моменти, но во последните неколку кола игра онака како што
сите очекуваа уште пред стартот на новата сезона. Переира во последните четири
кола запиша четири погодоци и една асистенција, а може да продолжи со таа форма
на гостувањето кај Шефилд Јунајтед.
На Њукасл очајно
му се потребни сите бодови во битката за опстанок сезонава, па така составот на
Стив Брус сигурно ќе атакува на победа во дуелот на домашен терен против
Кристал Палас, запрашан за тоа колку е веројатно дека Алан Сант-Максимин (5.1) може
да стартува од првата минута, тој одговори дека големи се шансите. Офанзивецот
кој важи за одличен дриблер и особено брз по страничните позиции, може да
направи големи проблеми за одбраната на Кристал Палас.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Патрик Бамфорд (6.6)
сигурно е едно големо изненадување сезонава откако напаѓачот на Лидс досега
запиша неверојатен учинок од 11 погодоци, но придодаде уште и шест асистенции,
тој блесна во гостинската победа кај Лестер минатото коло, а може да ја
продолжи низата и на дуелот против Евертон на домашен терен, ако се земе во
предвид лошата форма со која се соочуваат „Карамелите“ изминатиов период. Инаку
Бамфорд во моментов се води како повреден, меѓутоа од зборовите на Марсело Биелса,
иако со доза на несигурност, сепак за очекување е да биде подготвен за овој
натпревар, бидејќи станува збор за ситна повреда.
Оли Воткинс (6.3)
исто така има одлична сезона зад себе во Премиерлигата откако запиша осум
погодоци, но и четири асистенции досега. Астон Вила на домашен терен го
пречекува незгодниот Вест Хем, а сигурно кај домаќините, особено во завршницата
од нападите најголема опасност ќе доаѓа токму од Воткинс.
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Предлог-состав: Лено (5); Арнолд (7.3), Ван-Бисака (5.4), Џастин (5.1);
Салах (12.6), Стерлинг (11.6)
Фернандеш (11.4), Переира (5.6), Сант-Максимин (5.1); Бамфорд (6.6), Воткинс (6.3)
Капитен: Салах
Заменик-капитен: Фернандеш
КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad
Традиционално,
анализите ги завршуваме со преглед на актуелната ситуација на табелата во
генералниот пласман на Македонија, како и лигата на „24фудбал“.
Во лигата на
Македонија лидер е Александар Чанков со досега освоени 1435 бода, имате можност
да го проследите неговиот избор од претходното коло.


Што се однесува
пак до лигата на „24фудбал’, во оваа конкуренција на првото место е Александар
Димовски со досега освоени 1392 бода, имате можност да го проследите и неговиот
избор од претходното коло.


Среќно до сите
натпреварувачи ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“,
кодот е следен: unckad