Џеко и Фонсека ги закопаа секирите

by
0 минути читање

Џеко и Фонсека не беа во добри односи, по што напаѓачот беше отстранет од тимот и се шпекулираше дека ќе замине. Откако не направи трансфер, седна со тренерот и се смири.

„Ил Месаџеро“ информира дека Босанецот повторно е во тимот, по десет дена пауза, за која официјално се тврдеше дека е поради повреда иако никој не веруваше во тоа.

Утринава Џеко тренирал со фудбалерите кои не играле против Верона, се очекува тој да биде во составот за дербито против Јувентус, но Борха Мајорал се очекува да биде стартер на овој дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×