Куман: Не сум сигурен дали Меси ќе остане, се надевам…

by
2 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Барселона, Роналд Куман признава дека не е сигурен во тоа
дали првата ѕвезда во составот на Каталонците, Лионел Меси ќе остане во клубот
по крајот на актуелната сезона, ако се земе во предвид дека договорот на
Аргентинецот истекува на лето.

Не сум сигурен
околу тоа
“ одговори Куман за „Атлетик“ запрашан за тоа дали смета дека Меси ќе
остане на „Камп Ноу“ по крајот на актуелната сезона.

Се надевам, да,
бидејќи тој се уште е фудбалер кој игра на едно високо ниво, се уште носи победи
за овој тим
“ додаде холандскиот фудбалски стратег.

Астрономската плата која ја добива Меси е оправдана, приходот кој го има Барса од него е неверојатен

Меси притискаше
да си замине од Барселона ланското лето кога Куман беше назначен за нов тренер,
меѓутоа клубот остана на своето околу висината на откупната клаузула, а
Аргентинецот на крајот немаше избор, а Куман имал и разговор со него во тој
период.

За мене е
задоволство што сум тренер на фудбалер како Меси, доколку го проследите и
неговиот труд вложен за време на тренинзите, неговите потези на тренинзите, тоа
е неверојатно, тој дојде во Барселона како дете, јас навистина не би можел да
го видам во друг дрес освен на Барселона
“ посочи Куман кој открива и детали за
тоа како го убедил да остане за оваа сезона, иако и самиот клуб се противеше на
тоа, а не отстапуваше од огромната клаузула која на крајот се чини пресуди
Аргентинецот да остане.

Кој сака да ги скара Меси и Барса? Договорот на напаѓачот беше објавен уште пред три години

Разговарав со
него во неговиот дом пред самиот старт на новата сезона, му го претставив мојот
план за него и тој делуваше ентузијастички, знаев дека има некои проблеми со
клубот, но јас бев вон сите тие случувања, му реков
: Би бил пресреќен доколку останеш, а доколку си
заминеш, тоа е твоја одлука и тоа секако ќе треба да го договориш со клуб, но,
доколку останеш ќе имаш се уште клучна улога во тимот
“ откри Куман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×