Мбапе: Нејмар е во центарот од проектот на ПСЖ, а јас сум среќен што сум тука да му помогнам

by
1 минути читање

Килијан Мбапе
упати јавни пофалби до својот соиграч од редовите на францускиот првак ПСЖ,
Нејмар, за кого наведе дека според него, тој е најдобриот во светот, меѓутоа
јасно нагласи и дека Бразилецот е во центарот од проектот на ПСЖ, уверувајќи
дека нема дилеми околу неговата иднина во тој клуб.

Секогаш си велев
дека големите играчи треба да играат заедно, а тоа е повеќе од јасно помеѓу
мене и него
“ изјави францускиот напаѓач запрашан за Нејмар.

Нашиот однос на
теренот и вон теренот е одличен, од самото мое пристигнување во клубот, Нејмар
е во центарот од проектот на ПСЖ, а јас сум тука да му помогнам
“ додава младиот
фудбалер.

Јас кога
пристигнав во ПСЖ бев фудбалер за кого сите велеа дека ќе бидам ѕвезда, но
секако дека тоа требаше да го докажам на терените, а што се однесува до Нејмар,
тој умее чуда да направи со топката, тој е најдобриот во светот
“ заклучи Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×