179
Томас Тухел тргна
со реми без голови против Вулверхемптон, односно победа од 2-0 против Барнли, а
се чини дека Премиерлигашот од Лондон повеќе нема да прави отстапки како
претходно со тренерите, во однос на нивните договори на подолг рок.
Челси потроши над
100 милиони фунти за обештетување на предвреме отпуштените тренери досега, а
првично, се верува дека Тухел не бил мошне среќен за тоа што му бил понуден
договор до 2022 година.
Како и да е, 47
годишниот фудбалски стратег би можел да остане на клупата на Челси, меѓутоа под
еден услов, доколку успее во целта да го предводи клубот до пласман во Лигата
на шампионите во периодот додека е под договор.