Астрономската плата која ја добива Меси е оправдана, приходот кој го има Барса од него е неверојатен

by
1 минути читање

Марк Цирија кој е основач и извршен директор на компанијата Диагонал Инверсионес, но исто и партнер на Барса, заедно со Хосеп Фабра финансиер и економистот Иван Кабеза израчунаа дали и колку договорот на Меси е исплатлив за Барселона.

Тие направија пресметка за три години почнувајќи од 2017 кога Меси го потпишал договорот, а резултатот е следен: За трите години Меси од Барса заработил 383,655 милиони евра, но генерирал приход од 619,265 милиони евра во истиот период. Тоа значи дека за тие три години Барселона направила профит од Меси во висина од 235,610 милиони евра.

Според студијата, Лео Меси е епицентарот на бизнсот на Барселона, спонзорските договори со него во тимот и без него би биле поинакви, а тие моменти не се ни земени во калкулацијата.

Наспроти верувањата на некои дека со заминување на Меси, Барселона ќе се ослободи од огромните суми кои му ги дава на име на плати и бонуси, тие може да западнат во уште поголема финансиска криза.

Со евентуалното заминување на Меси, Барселона ќе загуби најмалку 30 проценти од приходите кои ги добива, а овој процент може да биде и поголем доколку спонзорите одлучат да ги намалат договорите затоа што Аргентинецот повеќе не е во тимот.

Заклучокот од економската пресметка е дека Меси сосема оправдано ја добива огромната сума, бидејќи Барселона со помош на неговото име прави сериозен профит. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×