Румениге: Прочитав за долговите на Барселона и за малку ќе се засркнев

by
1 минути читање

Претседателот на
Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге се произнесе околу тоа како ја увидел
ситуацијата во која се наоѓа Барселона во поглед на долговите, а легендата на
германскиот фудбал се шокирал откако ги прочитал вестите низ медиумите на таа тема.

65 годишниот
Румениге истовремено објаснува и зошто Каталонците не се под ризик од
банкротирање и ја спореди нивната финансиска ситуација со таа во Баерн Минхен.

Читав за
долговите на Барселона додека имав појадок и за малку ќе се засркнев
“ изјави
Румениге за „Скај Спорт Германија“.

Доколку Баерн
Минхен имаше такви долгови, верувајте дека не би можел да спијам мирно навечер,
меѓутоа, не верувам дека нешто драматично би можело да се случи
“ додава тој.

Клуб како Барселона
нема да потоне, најмногу поради огромната вредност која ја имаат за регион како
Каталонија, во секој случај, длабоко во себе жалам за ситуацијата во која се
соочуваат на ваков начин
“ подвлекува Румениге.

Ние во Баерн
Минхен продолжуваме со тоа да бидеме вистински пример за останатите, ако земеме
во предвид тоа што се случува во Барселона или Италија, каде платите некаде
воопшто не се ни исплатуваат, тука, ние и натаму притискаме на спортски успеси
од една страна, а се грижиме и за економската стабилност од друга страна

заклучи Румениге. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×