Веќе е
официјално, актуелниот бранител на титулата во Премиерлигата, Ливерпул го
комплетираше трансферот на централниот дефанзивец од Престон, Бен Дејвис.
25 годишниот
Дејвис успешно ги помина медицинските прегледи и стави потпис на договор со „Редсите“,
а се верува дека неговиот трансфер изнесува 500,000 фунти, дополнително и
бонуси со кои овој трансфер заокружува бројка од два милиони фунти.
Од друга страна
пак, Ливерпул би можел да дојде и до потписот на дефанзивецот на Шалке 04, Озан
Кабак, со тоа што обата клуба се близу договор за позајмица од еден милион
евра, како и опција за целосен откуп на неговиот договор во висина од 18
милиони фунти на крајот од актуелната сезона.
Што се однесува
пак до Дејвис, тој ќе го носи дресот со број „28“ во Ливерпул, а Престон
сигурно ќе има бенефит од овој трансфер од причина што во договорот со Ливерпул
е вметната клаузула од 20% при евентуален негов трансфер во иднина.
„Ова е голем
предизвик за мене, среќен и возбуден сум што сум тука, очигледно е дека сево
ова е едно големо изненадување за многумина, никогаш досега не сум бил на
Енфилд, ниту пак сум имал ваква прилика да ја разгледам оваа прекрасна
фудбалска арена, едвај чекам да почнам со работа во тимот“ рече Дејвис.
Дејвис сигурно ќе
биде едно големо олеснување на маките со кои Клоп се соочува во дефанзивната
линија на Ливерпул изминатиов период, особено по последните повреди на Жоел
Матип и Фабињо, а од претходно повреден на подолг рок е столбот во одбраната
Вирџил Ван Дајк.