Мадридскиот
весник Ел Мундо синоќа го објави договорот на Лео Меси со Барселона кој тежи
555 милиони евра. „Каталонците“ се во сериозна финансиска криза, имаат огромен
долг и немаат пари за плати и трансфери, па како бомба одекна информацијата
дека Аргентинецот годишно добива нешто на 138 милиони евра (бруто плата).
Иако Лео Меси не
се огласи, каталонските медиуми повикувајќи се на извори блиску до играчот,
пренесоа дека тој е разочаран и на своите адвокати им дал инструкции да
започнат истрага и да го откријат „кртот“, луѓето кои имаат пристап до
договорот се бројат на една рака.
Се најавуваат
тужби, претседателските кандидати вперуваат прсти и сето тоа во време кога Аргентинецот
ги одработува последните месеци и се уште нема одлучено дали да продолжи на
Камп Ноу или да замине, како некој да сака да ги скара Меси и Барса.
Интересно е тоа
што договорот на Лео Меси со Барслона беше објавен пред три години, и тогаш
немаше бурни ракции како сега.
Кога беа актуелни
свиркачите од „Фудбал Ликс“ и се објавуваа договори на фудбалерите, беа споделени
и детали од соработката на напаѓачот со „каталонците“.
Медиумите кои
имаа пристап до информациите тогаш го нарекоа најбогатиот договор во историјата
на фудбалот со преку 100 милиони евра годишна бруто плата на која треба да се додадат
и уште неколку десетици милиони евра во бонуси. И тогаш беа споделни информации
за двете големи премии, едната за потпис на документите а втората за лојалност,
но на никого не му пречеа сумите со оглед на тоа дека Барса немаше проблеми и сигурно
чекореше кон тоа да стане првиот клуб со приход од една милјарда евра.