180
Ливерпул очајно
работи на ангажман на нов дефанзивец, Јирген Клоп и неговите соработници го
идентификувале Дује Чалета Цар како идеално засилување а раководството на
клубот почнало преговори со Марсеј.
Се одело добро,
па Хрватот синоќа се упатил на аеродром каде го чекал приватен авион со кој
требал да отпатува во Манчестер, а потоа со автомобил до Ливерпул.
Сепак, ништо од
трансферот. Марсеј во 5 до 12 се повлекол од преговорите поради тоа што не можел
да најде соодветна замена и на Дује Чалета Цар му било кажано да се врати
назад.
Ливерпул сега се
насочува на други цели, се верува дека е договорен Бен Дејвис од второлигашот
Престон и се работи на уште една друга зделка.