Голема врева се крена откако вчера „Ел Мундо“ го откри договорот на Меси со Барселона. Цифрите се огромни, па тргнаа обвинувањата дека Аргентинецот е виновник за финансиската криза во каталонскиот клуб.
Куман смета дека договорот е откриен со помош на некој вработен во Барселона кој сака да му нанесе штета на клубот.
„Тоа што се појави во медиумите е злонамерно со интенција да му наштети на фудбалерот кој има толку многу направено за шпанскиот фудбал и за овој клуб“, вели Куман.
„Ние треба да се обидеме и да откриеме како договорот на Меси се појави во медиумите. Има работи кои не смеат да излезат од клубот. Очигледно има луѓе кои сакаат да ни наштетат“.
„Доколку некој од клубот го открил договорот, тоа е многу лошо. Ние треба да им помагаме на фудбалерите, тренерите да победуваат натпревари. Доколку некој внатре од клубот го открил договорот, тој не може да има иднина во овој клуб“.
„Не разбирам зошто се пишува дека договорот на Меси ја уништил Барса… Тој помина години и години покажувајќи ги своите фудбалски квалитети. Треба да го потенцираме тоа што го има направено за клубот. Тој помогна овој клуб да стане голем и треба да престанеме со сите овие глупости околу договорот“.